Прва средба на меѓупартиското тело, сè уште не се знае кој со кого ќе се помири

Меѓупартиското тело во Собрание ја одржа првата средба која траеше 2 часа, но без присуство на медиуми. На оваа средба не беа присутни партиите на ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Алијанса за Албанците.  На состанокот не се постигна договор околу можното преквалификување на обвинението за 27 април и на начинот како ќе се реализира можната селективна амнестија.

Сè уште не е обезбеден  текст како основа за спроведување на разговори за помирување  за да се разбере кој со кого треба да се помири. Иако беше најавено дека независната група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи предлог за помирување на учесниците на настаните на 27 април 2017 година, тоа не се случи. После средбата претседавачите на меѓу партиското тело рекоа дека се согласиле за формирање на три работни групи, каде една од нив ќе работи во врска со реформите, една за помирување и една група во врска со интеграцискиот процес на земјата.

Се вчитува...

Емилија Александрова не сакаше да коментира за законот за амнестија во врска со 27 април. Таа изјави дека сите идеи и предлози ќе бидат преставени пред меѓу партиската група во Собрание.

Меѓу партиската група брои 15 члена од парламентарното мнозинство, од независната група на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои што не се дел од одредени пратенички групи. Наредната средба на оваа група ќе се одржи во петок каде се очекува да присуствува и премиерот Заев.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

 

 

Извор: ТВ21