Првата орбитална ракета изградена во Австралија се урна по 14 секунди лет

Првата ракета произведена во Австралија што се обиде да стигне до орбитата од австралиска територија се урна денес по 14 секунди лет.

Ракетата „Ерис“, лансирана од „Гилмор Спејс Технолоџис“, беше првото орбитално лансирно возило дизајнирано и произведено во Австралија што полета од територијата на таа земја, а наменета е да носи мали сателити во орбитата, пренесува АП.

Беше лансирана утрово по локално време, за време на пробен лет од вселенскиот центар во близина на малото гратче Бовен на север од австралиската федерална држава Квинсленд.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.