Македонија

Први фотографии од местото на трагедијата кај Камен дол, две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Први фотографии од местото на трагедијата кај Камен дол, две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Двајца починати и тројца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Росоман – Прилеп во близина на Камен дол.

Во сообраќајката учествувале четири возила. Интервенираа три екипи на итната медицинска помош Кавадарци ни потврди д-р Ратко Грков, началник на брзата помош.

„Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во клиничкиот центар“ информира д-р Грков.

Поради сериозното оштетување на возилата во извлекување на повредените интервенирала и противпожарната единица од Кавадарци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни