Балкан

Први фотографии од страшната несреќа на српски автобус во Грција, од автомобилот не остана НИШТО!

Први фотографии од страшната несреќа на српски автобус во Грција, од автомобилот не остана НИШТО!

Возачот на патнички автомобил преминал на спротивната лента од ведро небо и се судрил со автобус што доаѓал.

Утрово во раните утрински часови на патот од граничниот премин Евзони кон Солун се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите неофицијални информации од терен животот го загубиле најмалку четири лица.

Во несреќата учествувале две грчки патнички возила и автобус со нишки регистарски таблички кој превезувал патници кон Грција.

Голем број патници од автобусот се здобиле со тешки телесни повреди.

– Луѓето веднаш притрчаа да помогнат и ги извлекоа повредените и онесвестени – додаваат очевидци.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале огромен број грчки служби за итна помош за да им укажат лекарска помош на повредените.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни