Свет

Први снимки и фотографии од местото на трагедијата во Романија: Спасувачите трагаат по минибус кој падна во Дунав

Први снимки и фотографии од местото на трагедијата во Романија: Спасувачите трагаат по минибус кој падна во Дунав

На социјалните мрежи се појавија првите снимки и фотографии од местото на трагедијата што се случи во Романија, кога минибус со патници падна во реката Дунав откако се судри со автомобил.

Несреќата се случила на вијадукт во Иловица во западна Романија.

„Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да се работи само за возачот и уште едно лице, но се уште ја третираме ситуацијата како да има повеќе луѓе под вода“, објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации.

Патниот сообраќај е целосно блокиран на вијадуктот до завршување на спасувачката акција.

Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, силите пристигнаа таму, но потребен е целосен тим нуркачи“, изјави Арафат за Диги24.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни