Магазин

Прво огласување на ќерката на Саша Поповиќ по погребот на нејзиниот татко: „Навистина ми значи да слушнам колку сите го сакавте и почитувавте…”

Прво огласување на ќерката на Саша Поповиќ по погребот на нејзиниот татко: „Навистина ми значи да слушнам колку сите го сакавте и почитувавте…”

Александра Поповиќ, ќерката на режисерот на „Гранд“ Саша Поповиќ проговори по погребот на нејзиниот татко.

Поповиќ најпрвин им се обрати на луѓето кои цел ден и го честитаа роденденот и објасни дека настанала конфузија и дека утре и е роденден.

– Гледам дека некои од вас ми го честитаат роденденот денес. Роденденот ми е на осми март – напишала меѓу другото Александра која потоа им се заблагодарила на сите кои ја поддржале неа и нејзиното семејство во тешките моменти.

-Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите луѓе кои изразија сочувство. Сè уште добивам пораки и денес и ги гледам, но не можам да одговорам на секоја бидејќи навистина ги има многу. Навистина ми значи да слушнам колку сите го сакавте и почитувавте мојот татко. Благодарам – напиша Александра на својот Инстаграм.

На Бежанските гробишта вчера беше погребан директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ, а многу луѓе од естрадата дојдоа да му оддадат почит и да го испратат во вечното почивалиште.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни