AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

„Pse jo“ повторно активно – што сега подготвува ДУИ?

„Pse jo“ или во превод „зошто да не“ е повторно активно и го споделуваат високи функционери на Демкратската инија за интеграција.

Попладнево, натписот го сподели и Министерот за надворешни работи, но без да открие детали што подготвува партијата в очи локалните избори.

Претходно, ова беше користено за време на парламентарните избори, а партијата ветуваше и прв премиер Албанец.

Откако ништо од тоа не се случи, Владата доби прв вицепремиер, а тоа е Артан Груби.

Насер Зилбери беше предлогот, но на крај заврши како Народен правобранител.