ПСИХОЛOЗИТЕ ОТКРИВААТ: За среќен и исполнет живот потребна ви е само една СОСТОЈКА!

Среќата е исклучително индивидуална работа, исто како и потрагата по неа. Сепак, колку и да се разликуваат нашите ставови за тоа што нè исполнува, психолозите се согласуваат дека една работа е особено и, всушност, е единствената важна за да се живее живот исполнет со среќа и благосостојба.

Автономија.

Но, да почнеме со збор-два за самиот живот.

Добриот живот може да се карактеризира како:

  • пријатен живот, исполнет со работи кои нè радуваат и кои прават да се чувствуваме позитивно,
  • активен живот, исполнет со активности во кои се наоѓаме и во кои уживаме,
  • живот кој има смисла

За сите три ставки, важно е да имаме автономија; автономија како слобода да си избереме на што ќе внимаваме, на што ќе дадеме време и енергија, што ќе правиме и што ќе биде дел од нашите животи. Значи, колку повеќе живееме во согласност со она што го сакаме, а не она што треба, толку ќе бидеме посреќни.

Тоа значи избор на активности кои ни се пријатни и кои не исполнуваат со добри, убави чувства; активности во кои уживаме, во кои се наоѓаме и со кои се поврзуваме; активности кои му даваат смисла на нашите животи. Со еден збор, треба да ги слушате вашите чувства.

Кога нешто правиме затоа што мораме, без разлика дали ќе бидеме наградени или казнети за тоа, но не можеме да се поистоветиме со тоа, многу е веројатно дека едноставно нема да бидеме задоволни со нашите животи. Затоа што, ние секогаш ќе уживаме во исполнувањето на нашите желби и потреби повеќе од туѓите, дури и ако за тоа не сме добиле ништо друго освен задоволство.

Потоа, размислете за вашиот живот. Колку самостојни одлуки има во него? Ако чувствувате дека не сте си дале доволно слобода да го правите она што го сакате – тука можете да започнете. Вклучете што повеќе активности во вашиот живот кои ве исполнуваат, ве ангажираат и му даваат смисла.

Ако сè уште има работи што ви требаат во вашиот живот, дајте си слобода да ги правите кога и како сакате, за да го намалите притисокот и да си потврдите дека навистина ја имате слободата да изберете да создадете свој среќен живот.