Свет

Птичји грип откриен во југоисточниот и северниот дел на Унгарија

Птичји грип откриен во југоисточниот и северниот дел на Унгарија

Птичји грип повторно е откриен на фарма за гуски во округот Бекеш, на југоистокот од Унгарија, соопшти денеска Управата за безбедност на храната на таа земја.

Констатирано е дека оваа болест е регистрирана и кај птици во заробеништво во областа Комаром – Естергом на северот од земјата, пренесе МТИ.

Верзијата на птичјиот грип Х5Н1 е дијагностицирана на фарма во која се чуваат 7.400 гуски во Бекеш, а убивањето на животните е веќе започнато, соопшти Управата.

Истото ги чека и болните птици во областа Комаром-Естергом.

Претходно денеска Светската организација за здравје на животните објави дека Франција пријавила појава на високопатоген птичји грип меѓу црвените лисици североисточно од Париз.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни