Четири лица загинаа, а две се повредени во пукање на плажа во северна Албанија. По инцидентот ноќеска во Велипоја, во кој беа убиени четири лица, и двајца повредени, се огласи претседателот на Албанија, Илир Мета кој што ги повика државните органи да извршат целосна истрага на случајот.
„Судирот со огнено оружје во Велипоја со 4 жртви и 2 повредени е уште еден шокантен настап за кој е потребна целосна истрага за околностите и причините.
Според албанските медиуми, пресметката се случила доцна синоќа на плажата во Велипоје.
Според првите информации, ова е мафијашка пресметка.
Според албанските медиуми, некои од жртвите се сопственици на локални кафулиња и ресторани на плажа и и се познати на полицијата уште од претходно.
Четирите ранети лица исто така се претпоставува дека учествувале во судирот. Овој инцидент предизвикал шок и неверување кај граѓаните пред туристичката сезона, и дека влијаат на имиџот на земјата.