Свет

Пукање во близина на Трамп: Итно реагираше тајната служба

Пукање во близина на Трамп: Итно реагираше тајната служба

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по инцидентот во кој во неговата близина беа испукани истрели, се вели во денешното соопштение од неговата кампања, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека Трамп е „преместен на безбедно место“. Повеќе детали не се откриени.

Според Њујорк Пост, двајца напаѓачи започнале пукање пред голф-клубот на Трамп во Флорида, но тој не бил во непосредна опасност. Весникот се повикува на извори од органите на редот.

Во јули, за време на предизборниот митинг во Пенсилванија, маж отвори оган врз поранешниот претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп.

ФБИ го опиша нападот како обид за убиство, а осомничениот беше елиминиран од властите. Трамп беше заштитен од агенти на Тајната служба и полицајци, и куршумот ја промашил неговата глава за милиметри, погодувајќи го во увото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни