Најмалку пет лица загинаа во пукање што се случи во германскиот град Штаде. Според првичните информации, осомничениот е уапсен. Полицијата соопшти дека мотивот за злосторството засега не е познат и дека истрагата е во тек.
Како што јавува „Билд“, полицијата и службите за итна помош спроведуваат голема акција во Штаде. Околу 13:45 часот полицијата потврди дека пет лица загинале во вооружениот напад во центарот на градот со околу 50.000 жители.
Според извештаите на повеќе медиуми, нападот се случил во младински центар. Според првичните информации од полицијата, истрелите биле испукани во областа на улицата Данкерштрасе (Dankersstraße) во Штаде, во германската сојузна покраина Долна Саксонија.
Полицијата го уапсила осомничениот и преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето околу местото на инцидентот на улицата Данкерштрасе.