Свет

Пукање во Либија, загинаа најмалку шест мигранти

Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пукањето се случило во притворниот центар Мабани, западно од главниот град Триполи, каде што властите испратија 4.187 нови затвореници претходно овој месец, од кои 511 беа жени и 60 деца, според АП.

Претходно оваа недела, група мигранти се обидоа да побегнат од центарот Мабани, но беа соочени со „екстремно насилство“, соопшти Меѓународната хуманитарна организација (МСФ), на која и беше дозволено да го посети центарот.

Според соопштението на МСФ, „двапати се слушна силно пукање во непосредна близина и лекарите беа сведоци на неселективно тепање на група мажи, кои подоцна беа насилно внесени во возила и однесени на непозната дестинација“.

Од над 5.000 мигранти уапсени од либиските власти претходно овој месец, според ИОМ, имало 215 деца, повеќе од 540 жени, од кои најмалку 30 биле бремени.

Либиските власти го опишаа сузбивањето на мигрантите како безбедносна операција против илегални мигранти и трговија со дрога.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни