Свет

ПУКАЊЕ ВО УТРЕХТ: Полицијата објави фотографија од напаѓачот, најдена и порака во автомобилот

Холандската полиција објави фотографија од напаѓачот кој денеска пукаше во трамвај во холандскиот град Утрехт. Станува збор за 37-годишниот Гекман Танис кој е по потекло од Турција.

Фотографијата е од трамвајот, пред да почне со нападот во кој загина едно лице.

Според полицијата, пријавени се пукотници и во други локации низ Утрехт.

Автомобилот црвено „Рено Клио“ е најден во напуштен дел од градот. Неофицијално во него имало и порака од напаѓачот.

„Автомобилот беше оставен и моторот работеше. Прозорот беше малку отворен и внатре висеше порака. Ја прочитав, но нема да кажам што имаше во неа, бидејќи така инстираше полицијата“, рекол еден жител на Утрехт.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни