Свет
17,272,979
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
627
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
5,494
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
150,422
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15

Пуштено во продажба вештачко срце – тежи 900 грама

Француската лабораторија Карма, која е основана во 2008 година, вчера објави дека за прв пат на пазар вештачко срце, кое неодамна било вградено кај пациент во Неапол во пресрет на трансплантација.

Ова е прва продажба на лабораториско вештачко срце.

Вградувањето на срцето било извршено од тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајело во болницата во Неапол.

Инаку, во 2020 година, „Карма“ доби лиценца за продажба на својот производ во Европа, на пациенти кои чекаат на трансплантација на срце.

Француската лабораторија, која го измисли вештачкото срце, пред неколку години порача дека тие не можат целосно да заменат трансплантација, но тие се вградуваат поради недостаток на срце за трансплантација.

Протезата тежи 900 грама и е потешка од вистинското срце, кое е тешко 300 грама.

Лабораторијата не ја наведува цената на протезата. Но, неофицијално, таквото срце чини околу 160.000 евра, исто колку и вистинското пресадување, со долг постоперативен тек.