Рускиот претседател Владимир Путин повика на разговори меѓу Израел и Палестинците, велејќи дека е неопходно да се избегне ширење на конфликтот, што би имало последици низ целиот свет, пренесе АФП.
„Неопходно е да се работи на дипломатија наместо на воен аспект и да се бараат решенија за да се запрат борбите што е можно поскоро“, рече Путин.
„Второ, мора да се вратиме на преговарачкиот процес, кој мора да биде прифатлив за сите страни, вклучително и за Палестинците“, додаде тој.
Путин предупреди дека по секоја цена мора да се избегне ескалација на конфликтот, бидејќи доколку се случи такво нешто, тоа ќе има последици врз меѓународната ситуација, не само врз регионот.
Рускиот претседател додаде дека Русија, која е дел од Квартетот за Блискиот Исток заедно со САД, ЕУ и ОН, повикани да играат улога на посредник, може да придонесе за овој процес на решавање на конфликтот.
Сепак, Путин рече дека ситуацијата е толку сериозна што е тешко да се помогне во процесот на решавање на конфликтот.
Путин вчера изјави дека е неопходно создавање на независна и суверена палестинска држава и дека конфликтот е јасен пример за неуспехот на американската политика на Блискиот Исток.