Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер.
– Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната Дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за премиерската функција – напиша претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин на својот канал Телеграм.
Премиерската кандидатура ќе се разгледува на денешната пленарна седница на Државната дума. Володин објасни дека кандидатот за премиер прво ќе направи извештај, потоа ќе одговара на прашањата на пратениците, а потоа ќе следи гласање.
– За време на дискусијата за кандидатурата, важно е да се добијат одговори на прашањата за тоа како ќе се решат задачите поставени од претседателот Путин во демографската политика, поддршката на семејствата со деца, зајакнувањето на технолошкиот суверенитет и зголемувањето на одбранбената способност на нашата земја – рече Володин.
КАКО РАБОТИ ВЛАДАТА НА МИШУСТИН?
Во јануари 2020 година, Путин ја распушти владата на Дмитриј Медведев и и предложи на Думата да го избере Михаил Мишустин, кој во тоа време беше началник на Федералната даночна служба, за нов премиер. За прв пат во историјата ниту еден пратеник не се изјасни против идниот премиер.
Новата влада, формирана на 21 јануари, се соочи со тешки услови речиси веднаш кога започна пандемијата на коронавирус. Кабинетот на министри успеа да создаде механизам за поддршка на претприемачите и ранливите групи на население и да организира обезбедување медицинска нега. Во 2022 година беа воведени санкции кон Русија поради војната, но економијата не пропадна.
На почетокот на мај ФОМ спроведе истражување за односот на Русите кон кабинетот на Мишустин, а 58 отсто позитивно ја оцениле неговата работа. Личниот рејтинг на премиерот е уште поголем – 60 проценти одобрување.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во вторникот во Москва положи заклетва за неговиот нов шестгодишен претседателски мандат.