Свет

Путин нареди зголемување на потрошувачката на риба и морски плодови во Русија

Путин нареди зголемување на потрошувачката на риба и морски плодови во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денес нареди, за време на состанокот со членовите на руската влада на кој се разговараше за развојот на рибарскиот сектор, да се зголеми потрошувачката на риба и морски плодови во таа земја.

На состанокот одржан преку видео врска, Путин рече дека Русија во моментов троши околу 24 килограми риба по лице годишно, пренесува РИА Новости.

„Во моментов, нивото на потрошувачка на риба и морски плодови во исхраната на општата популација заостанува зад нормата препорачана од нашето Министерство за здравство… Во моментов имаме приближно 24 килограми по лице, треба да биде повеќе. Би сакал да го привлечам вниманието на сите колеги вклучени во оваа работа на сите нивоа, ова е навистина многу важно системско прашање… Ве молам денес презентирајте конкретни предлози во оваа област“, ​​рече Путин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни