Путин: Носиме технолошки пресврт каков што човештвото досега не видело

„Навлегуваме во период на колосални промени“. Ова е пораката на рускиот претседател Владимир Путин, кој најави дека следните 10 до 15 години ќе донесат технолошки пресврт каков што човештвото досега не видело.

На заседанието на Државниот совет одржано на 25 декември, Путин ја дефинираше вештачката интелигенција (ИИ/AI) како апсолутен приоритет, споредувајќи го нејзиното значење со советската вселенска програма, но со уште поголеми импликации.

Се вчитува...

„Помасовно од вселенската програма“

Рускиот претседател истакна дека ИИ брзо ги освојува сите сфери на животот и автоматизира огромен број задачи.

„Веќе е очигледно дека влегуваме во период на колосални технолошки промени и забрзан развој на вештачката интелигенција. Ова е најголемиот технолошки пробив што светската историја веројатно некогаш го познавала. Тој е многу, навистина многу помасежен и сеопфатен од вселенската програма“, изјави Путин.

Предупредување: Ќе исчезнат работни места

Путин упати директно предупредување до федералните власти и бизнис-секторот да се подготват за системските шокови што следат. Според него, ИИ постепено ќе ги замени вработените на почетни позиции, па дури и во креативните и интелектуалните професии. Сепак, тој нагласи дека паралелно ќе се отвораат нови работни места кои ќе бараат:

  • Инженерско размислување;
  • Работа со податоци;
  • Вештини за прецизно формулирање задачи за алгоритмите.

Технолошки суверенитет и милијарди во економијата

Клучниот фокус на Москва е развој на домашни руски системи и национални јазични модели, за да се избегне зависноста од Западот.

„Не можеме да си дозволиме критична зависност од туѓи системи. За Русија ова е прашање на државен, технолошки и вредносен суверенитет“, дециден е Путин.

Според Националната стратегија, целта е придонесот на оваа технологија во рускиот БДП да надмине 11 трилиони рубљи до 2030 година, што ќе бара целосна промена на начинот на кој се обучуваат кадрите во земјата.