Свет

Путин објави колку Руси се мобилизирани, а колку се испратени во Украина

Путин објави колку Руси се мобилизирани, а колку се испратени во Украина

РУСКИОТ претседател Владимир Путин денеска соопшти дека како дел од „делумната“ мобилизација за војната во Украина, во армијата се повикани 318.000 резервисти, јавува агенцијата Анадолија.

49.000 од нив, рече Путин, биле испратени во Украина, каде што „вршат борбени задачи“. Да потсетиме, Русија неодамна објави дека мобилизацијата на резервистите завршила, но од Кремљ најавија дека Путин нема да го потпише указот за завршување на мобилизацијата бидејќи – тоа не е потребно.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кога Путин го најави почетокот на мобилизацијата во септември, рече дека планот е да се мобилизираат 300.000 резервисти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни