За српските изданија на „Вечерни Новости“ и „Политика“, рускиот претседател Владимир Путин го искажал своето мислење за ситуацијата на Балканот. Тој смета дека САД се виновни за политичката криза на Балканот, и дека за зачленувањето на Македонија во НАТО постоел надворешен притисок.
„Минатата година Македонија беше присилно вклучена во НАТО, со започнување на процесот на уставните измени. Во исто време волјата на македонскиот народ беше игнорирана. Референдумот за промена на името не успеа, но продолжи меѓународниот притисок“, изјавил Путин.
