Името на првиот човек на Вагнер, Евгениј Пригожин, е на списокот на патници кои загинаа во падот на приватен авион во близина на Москва во средата вечерта. Не престануваат реакциите и прашањата, а се анализира како се би можело да влијае на натамошниот развој на настаните во Русија и Украина.
Владимир Путин првпат и се обрати на јавноста по веста за смртта на Евгениј Пригожин.
Неговото обраќање на самитот на БРИКС беше кратко и траеше неколку минути, а зборуваше за влијанието на БРИКС врз светот и неговиот понатамошен развој.
Очекувано, Путин не го спомна Пригожин, а преку видео-врска зборуваше на завршната прес-конференција на тридневниот самит што се одржа во Јоханесбург. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров беше на брифинг со новинарите во Јоханесбург, но не се обрати пред присутните.
Ако бил вмешан во атентатот на Евгениј Пригожин, Владимир Путин го посеал семето на сопствената пропаст, рече аналитичарот на одбранбената индустрија и поранешен британски офицер Нихоас Драмонд.
„Прибегнувањето кон таков потег го поттикнува колапсот на Русија и потенцијално води до граѓанска војна, а можеби дури и до фрагментација на Русија“, рече Драмонд, според SkyNews.