Путин: Русија е отворена да разговара за рестартирање на Црноморскиот договор за жито

Рускиот претседател Владимир Путин му кажа на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, кој е во посета на Русија, дека земјата е подготвена да разговара за рестартирање на Црноморскиот договор за жито.

„Има многу да се зборува, вклучително и зачувување на безбедноста во регионот. Нема да ја игнорираме темата за кризата во Украина. Знам дека имате намера да поставите прашања за договорот за жито, ние сме отворени за преговори“ – изјави Путин.

Откако Русија се повлече од договорот за жито, таа продолжи да ги блокира украинските пристаништа и често врши напади врз нејзините магацини и инфраструктура, што ги зголеми стравувањата за глобалната безбедност на храната, пишува CNN.

Путин денеска во разговорот со турскиот претседател истакна дека минатата година трговскиот промет меѓу Русија и Турција е зголемен за 86 отсто и дека позитивниот тренд продолжува и во првата половина од оваа година.