Русија не само што внимателно следи, туку и се обидува да придонесе за решавање на ситуацијата во Појасот Газа, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Ние не само што внимателно следиме, туку и се обидуваме, заедно со нашите партнери на Блискиот Исток, да придонесеме за ова решение“, рече Путин, зборувајќи за ситуацијата во Појасот Газа, пренесува РИА Новости.
На самитот Русија-Централна Азија што се одржа во Душанбе, Таџикистан, Путин рече дека Русија добила сигнали дека Израел е посветен на мирно решение и не е заинтересиран за „никаков вид конфронтација“.
Путин: Русија се обидува да придонесе за решавање на ситуацијата во Газа