Путин „слета“ во Србија, го пречека претседателот Вучиќ

Рускиот претседател Владимир Путин, нешто после 13 часот, слета на белградскиот аеродром каде што беше пречекан од страна на неговиот колега Александар Вучиќ.

Тој денеска ќе има средба со српскиот државен врв, а потоа ќе се обрати пред граѓаните од пред храмот Св. Сава.

Во моментов во Белград се стационирани околу 7.000 полицајци и војници кои се грижат за безбедноста на Путин, а стационирани се и снајперисти по рутата каде што ќе се движи рускиот претседател.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното