Свет

Путин: Украинското раководство ја узурпираше власта за лично збогатување

Путин: Украинското раководство ја узурпираше власта за лично збогатување

Рускиот претседател Владимир Путин денес, коментирајќи за прв пат за корупцискиот скандал во Украина, изјави дека украинското раководство ја узурпирало власта за лично збогатување.

За време на посетата на едно од командните места на единиците на групата „Запад“, Путин рече дека од март минатата година, украинското раководство се претворило во криминална банда, здружение на организиран криминал кое ја узурпирало власта за лично збогатување и, како што изјави, под изговор за продолжување на војната со Русија.

„Ова сега стана добро познат факт по резултатите од истрагата за корупцијата во самата Украина“, истакна Путин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни