На крајот од посетата на Кина, рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција рече дека се сретнал со српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Тој е исто така загрижен за ситуацијата што се развива во регионот околу Србија. Ја споделуваме таа загриженост“, рече Путин, без да даде детали.
Вучиќ вчера изјави дека со Путин имал краток разговор во Пекинг, каде се одржува Самитот „Појас и пат“, но посочи дека немале билатерална средба.