Пејачката Рада Манојловиќ, нејзината сестра Маја и момчето Харис Берковиќ, се заразени со коронавирус.
Сите тројца се во карантин, а пејачката откри и дека го изгубила чувството за мирис и вкус.
„Сега се чувствувам добро. Маја имаше треска и болки во мускулите десет дена, додека Харис имаше треска само два дена. Сестра ми и јас примавме инјекции против згрутчување на крвта и земавме антибиотици и, се разбира, витамини. Сега ни треба да го подигнеме имунитетот. Ме чекаат настапи и едвај чекам повторно да се дружам со публиката“, вели Рада.
