Првиот чекор за стар на преговорите на Македонија со Европската унија е внесувањето на Бугарите во Уставот, но не и последна.
„Треба да е јасно на нашето општество дека овој процес се потпира на два важни документи. Првиот е преговарачката рамка кој се разработува од ЕУ. Но вториот важен документ е двостраниот протокол кој е наш докумет и се изработува заедно со Македонија. Преговарачката рамка не може да ги заштита нашите интереси“, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Очекуваме јасни и одговорни одлуки за Советот на министри да не се крие зад Националното собрание. Ова го рече претседателот Румен Радев за билатералниот протокол, кој според него треба да го прецизираат одговорните институции.
Претседателот на Бугарија објасни дека во спротивно преговарачката рамка меѓу Бугарија и Северна Македонија е бесмислена и додаде дека го поддржува францускиот предлог токму како преговарачка рамка.
„Во моментов предложениот билатерален протокол не дава доволна гаранција за заштита на нашите интереси како што се дејствијата, механизмите и роковите и критериумите. Ги повикувам одговорните институции да ги постават параметрите што недостасуваат во овој билатерален протокол, бидејќи доколку не се ажурира , преговарачката рамка станува бесмислена „Тоа е рамка“, рече Радев, апелирајќи до Советот на министри да не се крие зад Народното собрание.
„Немаше да го добиеме францускиот предлог, кој е најдобар досега, доколку Бугарија не стави вето на два совета за проширување минатата година со јасен став и аргументи. Ставот што го споделив е веќе јасен и нашите европски партнери се свесни дека „ Прашањето за почитување на граѓанските права не може да биде само билатерално меѓу Бугарија и РСМ, туку може да се подигне на ниво на ЕУ“, додаде Радев.