Радуша: Управувал возило без регистарски ознаки, бегал од полицијата, на крај со татко му нападнал полицаец

На 08.01.2019 година околу 11.00 часот на влез во село Радуша, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од Б.Ф.(22) од село Радуша. Возилото не застанало, туку продолжило со движење. По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, каде што тој и неговиот татко Н.Ф.(56) физички нападнале полициски службеник. Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: ТВ21