Свет

Рафа отворен за испорака на хуманитарна помош, Фон дер Лајен го поздрави отворањето како „важен прв чекор“

Рафа отворен за испорака на хуманитарна помош, Фон дер Лајен го поздрави отворањето како „важен прв чекор“

Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа денеска беше отворен за испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава, блокирана по нападот на Хамас врз Израел, објавија странските агенции.

Хамас вели дека помошта вклучува „лекови, медицински материјали и ограничено количество храна (конзервирана храна).

Според палестинското исламско движење, конвојот се состоел од 20 камиони.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа, за камиони со хуманитарна помош за палестинската енклава и изјави дека тоа ќе биде „важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе“.

„Го поздравувам отворањето на граничниот премин Рафа кон Газа за хуманитарна помош. Ова е важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе. Им благодарам на сите што го овозможија тоа“, напиша Фон дер Лајен на платформата Икс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни