Албанскиот премиер Еди Рама, кој престојува во Велика Британија, за време на дискусија во салата на Кралскиот институт за меѓународни односи, коригирал поранешен пратеник во Европскиот парламент кој го употребил зборот „Косово“, велејќи дека треба да се каже „ Косова“, пренесуваат „Репортери“.
Рама изјави дека Србите велат Косово.
-Прво, тоа не е Косово, туку Косова. Србите викаат Косово, а вие се залагате за независност на Косова. Не си ти крив затоа што пропагандата си ја заврши работата. И јас понекогаш велам Косово, но тоа е Косова – рече Рама.
Тој изјави и дека Албанија и Косово се исти и дека се една нација.
– Косово не е пријателска земја, тоа е братска земја, исти сме и од одредени причини сме народ кој живее во две држави. Ние Албанците имаме две држави и четворица премиери на Балканот. Ние правиме се што можеме за да им помогнеме, секако дека го поздравуваме се што можат да направат за нас да ни помогнат. Исти сме, само имаме граница, имаме некои правила кои треба да ги почитуваме, но исти сме – рече Рама.