Балкан

Рама: Од пролет ќе се отвори границата со Косово

Албанскиот премиер, Еди Рама најави дека пролетта границата меѓу Албанија и Косово ќе биде отворена според принципите утврдени за Шенген зоната.

„Она што ќе го направиме е многу едноставно. Презедовме цел Шенгенски систем преведен од почеток до крај. Со многу детали меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Министерството за внатрешни работи на Косово за да се гарантираат сите безбедносни параметри и слобода на движење, не доведувајќи во прашање кои било загарантирани стандарди кои ние ги даваме како држава која има корист од либерализација на визен режим“,  изјави Рама.

Рама и претходно појасни дека сака граница со Македонија, а во скоро време ќе добијат и со Црна Гора.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни