Балкан

Рама: Отворен Балкан нема да запре

Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека иницијативата Отворен Балкан нема да запре, бидејќи, според него – иднината не може да се запре.

Тој на Твитер објави дека противниците на иницијативата не гледаат или разбираат дека таа „промовира мир, соработка, интеграција и го забрзува Берлинскиот процес”. Отворениот Балкан нема да запре бидејќи иднината не може да се запре”, напиша Рама.
Оваа негова реакција следува по изјавите на косовската претседателка Вјоса Османи и нејзиниот црногорски колега Мило Ѓукановиќ дека на „Отворен Балкан” треба да му се каже не.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни