Балкан

Рама: Цела Европска унија киднапирана од Бугарија

Рама: Цела Европска унија киднапирана од Бугарија

Премиерот на Албанија Еди Рама преку Твитер информираше за заклучоците по утринскиот разговор со премиерот на Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој рече дека денеска имал опсежни разговори со лидерите на Србија и Северна Македонија за учество на претстојниот Самит на ЕУ.

„Денес опширно разговаравме со лидерите на Србија и Северна Македонија за претстојниот Самит на ЕУ“, напиша Еди Рама на Твитер.

Изгледа како уште едно „Не, извини!“ „Она што на крајот ќе го слушнеме. Целата Унија, киднапирана од Бугарија, не е добар спектакл за гледање. Што да се прави таму?“, праша Рама.

Српскиот претседател Александар Вучиќ информира дека денеска преку видеоконференциска врска разговарал со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама за претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, нагласувајќи дека одлуката за тоа дали ќе присуствуваат на средбата сите тројца ќе ја објават утре.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни