Големата трагедија од минатата година во таканаречената дискотека „Пулс“ во Кочани остави длабока трага во секој од нас.
Токму на годишнината од овој настан, на 16 март, 4ТВ организира специјално отворено студио директно од Кочани.
Ова не е само емисија, туку простор за сите оние чии гласови беа задушени. Ќе зборуваме за битките што се водеа зад затворени врати, за загубите кои не се надоместуваат и за одговорите кои сè уште ги чекаме.
Програмата ќе трае повеќе од четири часа, a низ студиото ќе поминат над 20 соговорници – луѓе кои се бореле со предизвиците, но и оние кои ги почувствувале најтешките загуби.
Бидете дел од оваа моќна потрага по вистината…
Започнуваме во 19 часот во понеделник на 4ТВ.
