На прашањето упатено кон пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова, дали и се понудени пари, таа одговори негативно.
„Не знам дека некој нудел пари некому“, рече Рангелова запрашана дали на нејзе и биле понудени пари да гласа за уставните измени, откако генералниот секртар на партијата Игор Јанушев рече дека на неколку пратеници им се понудени парични средства да се изјаснат „за“ уставните промени.
Од сите соговорници на ТВ21 од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, никој не потврди дека им биле понудени пари како што кажа Јанушев.
Извор: ТВ21
