Еден од нашите најбарани рапери, Марко Миливојев, попознат како Мили, мора да направи пауза од работа ако сака да го зачува своето здравје.
Тој неколку пати им се пожалил на пријателите за замор и пад на енергијата, а тие го советувале малку да се смири и да ја стави работата во втор план. Сепак, Мили очигледно не прифаќа добронамерни совети и се држи до својот слоган „Иде гас“.
Мили се пофали дека е единствен и дека неговата работа ја следат многумина во светот.
„Направив се од ништо, од кал до злато, буквално. Го променив текот и насоката на музиката во оваа област. Да не бев јас и песните „Грми“, „Лока“ и други, веројатно немаше да има многу денешни изведувачи и нивни песни“, рече раперот и откри зошто му е полно срцето.
„Луѓето во секој дел од светот ме знаат мене и моите песни. Моето срце е полно. Мојата цел е слушателите да уживаат во мојата музика, вистинска музика “, завршува Мили.
