Расистот кој уби 49 луѓе на петочната молитва во џамија во Нов Зеланд, денеска беше изнесен пред судија, со лисици на рацете, а неговото тело прекриено со бел мантил. Во судот со рацете го направил знакот за „белата моќ“ што означува расистичко верување дека белите луѓе се супериорни за разлика од другите раси и затоа треба да бидат доминантни, пренесува ТВ21.
Брентон Тарант кој има 28 години, ќе биде кривично гонет по неколку основни меѓу кои и директниот пренос на масакрон на социјалните мрежи.
„Јасно е дека ова сега може да се опише само како терористички напад”, рече премиерот на Нов Зеланд, Јажинда Ардер.
Таа на прес конференцијата додаде дека напаѓачот бил вооружен „до заби“ и масакрон го извршил со две полуавтоматски пушки. Таа додаде дека Тарант имал дозвола за пиштол издадена во 2007 година, пренесува ТВ21.
„Сега можам да ви кажам една работа, нашите закони ќе се променат”, заклучи таа.