Видеото од момчето Валери кое ја минува границата на Украина и Полска со торба во рака го обиколи светот. Иако е заклучено дека тоа го направил сам, плачејќи, полската гранична служба ја демантираше оваа информација.
„Ве информираме дека, наспроти за жал пренесените информации, четиригодишниот Валериј не ја поминал сам границата, туку бил со семејството. Од службениците на граничниот премин Медика добил слатки. Тој и неговото семејство се безбедни во Полска“, соопшти полската гранична служба.