Двајцата вработени во Царинската управа, кои пред неколку недели во Будимпешта го посетија бегалецот, Никола Груевски се распоредени на други позиции во Царина. Ова денеска го потврди и директорот на Царинската управа на Македонија, Ѓоко Танасковски.
Едниот од архива е префрлен во магацин, а Александар Трајковски од секторот за контрола е назначен на исто ниво на работа, а тоа, како што кажа Танасовски, е направено во интерес на внатрешната истрага од страна на управата, но и во интерес на истрагата на Обвинителството.

