По силниот раст на романската економија во 2021 година од 5,9 отсто, стапката на раст годинава ќе биде многу побавна – 2,6 отсто, објави Европската комисија (ЕК) во пролетната економска прогноза, јави ТВ Диги 24.
Причините наведени од ЕК се високата инфлација, која ги намалува приходите и војната во Украина, која влијае на економското расположение, синџирите на снабдување и инвестициите. За 2023 година, Комисијата очекува благо забрзување на економскиот раст до 3,6 отсто во услови на можен пад на инфлацијата.
Европската комисија очекува инфлацијата во Романија оваа година да достигне рекордни 8,9 отсто, повеќе од двојно повеќе од 2021 година (инфлација 4,1 отсто). За 2023 година прогнозата на ЕК за инфлацијата во земјава е 5,1 отсто.
Невработеноста во Романија ќе остане на околу 5,5 отсто оваа година, што е намалување од 5,6 отсто минатата година. Се очекува невработеноста да продолжи да опаѓа на 5,3 проценти следната година.
Се предвидува буџетскиот дефицит да достигне 7,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2022 година, што е за 7,1 отсто повеќе од 2021 година, а да се намали на 6,3 отсто во 2023 година. Се очекува долгот кон БДП во 2023 година да достигне 52,6 отсто.
