Балкан

Растат тензиите меѓу Белград и Приштина за северот на Косово

Растат тензиите меѓу Белград и Приштина за северот на Косово

Напнатоста меѓу Белград и Приштина расте поради северот на Косово. Армијата и полицијата во Србија се на највисоко ниво на борбена готовност по наредба на претседателот Александар Вучиќ.

Шефот на државата им наредил на министрите за одбрана и за внатрешни работи „да ги преземат сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово“. Во неделата на граница беше испратен началникот на српската војска.

Тензиите во северниот дел на Косово се зголемуваат од ноември, кога стотици етнички Срби кои работат во косовската полиција и правосудство ја напуштија работата во знак на протест. Причината – контроверзната одлука на Приштина да им забрани на Србите кои живеат во Косово да користат регистарски таблички издадени од Белград.

Следеа серија демонстрации, судири со косовската полиција и барикади на клучните патишта во областа.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни