Свет

Расте бројот на жртви од земјотресот во Западна Кина

Расте бројот на жртви од земјотресот во Западна Кина

Бројот на загинати во големиот земјотрес во западна Кина се искачи на 93, а потрагата по преживеани продолжува, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на локалните власти.

Минатата недела земјотрес со јачина од 6,8 степени ја потресе провинцијата Сечуан. Голем дел од штетите беа во тибетската автономна област Ганзе. До недела навечер, 25 лица се уште се водат како исчезнати.

Обилните дождови и одроните ја отежнаа спасувачката операција, а условите принудија дел од жителите да се преселат во привремени засолништа.

Земјотресот го погоди и Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан, каде што жителите се под строга блокада поради СОВИД-19. Тие не можат да ги напуштат своите домови. Снимките кои кружат на интернет покажуваат како граѓани удираат по металните порти пред нивните станбени комплекси во обид да излезат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни