Поддршката за членство во ЕУ во земјите од Европската унија (ЕУ) се зголеми по рускиот напад врз Украина.
Според анкетата на пролетниот Евробарометар за 2022 година, нарачана од Европскиот парламент, 65 отсто од Европејците сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа“.
Оваа стапка претставува највисоко позитивно мислење за членството во ЕУ од 2007 година. Во 2007 година оваа стапка беше 58 проценти.
Само во 6 земји-членки на ЕУ оваа стапка остана под 50 проценти. Овие земји беа Словачка, Грција, Австрија, Романија, Бугарија и Италија.
Топ 5 земји каде членството во ЕУ се смета за „добра работа“ се наведени како Луксембург, Ирска, Литванија, Португалија и Данска.
Дополнително, 52 отсто од Европејците во истражувањето се изјасниле дека имаат позитивна слика за ЕУ, додека 12 отсто се изјасниле дека сликата е негативна.
Слобода или трошоци за живот?
Испитаниците исто така беа прашани за нивните преференции помеѓу одбраната на слободата и демократијата и трошоците за живот, покажувајќи го приоритетот на Европејците по војната во Украина.
59 отсто од испитаниците изјавиле дека слободата и демократијата се пред трошоците за живот. 39 отсто од Европејците изјавиле дека треба да се даде приоритет на запирање на зголемувањето на трошоците за живот.
Данска, Шведска, Финска, Холандија и Луксембург се земјите со најголем број луѓе кои велат дека „европските вредности како слободата и демократијата треба да бидат на прво место“, додека оние на кои приоритет им се трошоците за живот се претежно во Бугарија, Унгарија, Малта, Романија, грчки Кипар и Грција.
