Македонија

Реакција од АА: Билборди со ликот на Вулнет Мурсели беа уништени – ваквите вандализми се срамни

Во четвртокот вечерта, неколку билборди со ликот на Господин Вулнет Мурсели кој што е кандидатот за градоначалник на Тетово од страна на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, биле уништени.

„Ваквите вандализми се срамни намери на неуспешни индивидуи во политиката со намера да ги вовлечат во нивното срамно оро нашите активисти. Ги уверуваме симпатизерите, гласачите, но, посебно сите граѓани на Тетово и околината дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и тимот на господин Вулнет Мурсели не паѓаат на нивото на тие што ги опфатил страв и паника од
губење на изборите кое ги очекува“, велат од Алијанса за Албанците.

Тие додаваат дека очекуваат од истражните органи и тие на обезбедувањето на ред и мир да го расветлат ова срамно дело како што велат тие и сторителите да бидат казнети според законот и кривичниот законик.

„Кампањата на г. Вулнет Мурсели ќе биде позитивна, бидејќи таков е и кандидатот, но, и вољата на граѓаните на Тетово. Ние се натпреваруваме со најдобрата програма и понуда, се ангажираме да го вратиме достоинството на Тетово и на граѓаните, надежта и оптимизмот. Победата на г. Вулнет Мурсели е неизбежна и сигурна“, додаваат од АА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни