Македонија

Речено-сторено, или речено, а не е сторено?! Бектеши ја промовира нефункционалната шестоседна жичарница

Речено – сторено! Но изгледа дека не е сторено! Министерот за економија на 29 септември се пофали дека Попова Шапка е модерен туристички центар. Направи еден круг со шестоседната жичарница. А денеска, во зимската сезона шестоседната жичарница е се уште нефункционална. Прашан од ТВ21, Бектеши денеска не даде точен датум кога ќе се гради шестоседот, но рече дека се сретнал со директорот на Техничкиот инспекторат.

„Утрово се сретнав со директорот на техничкиот инспекторат. Што се однесува до надлежностите на Министерството за економија, за сертификатите за безбедност, за техничката безбедност но и за безбедноста на граѓаните кои ќе го користат овој скилифт, и веќе е испратено до ЕСМ на Македонија. Што се однесува на денот кога ќе биде пуштен во употреба, треба да се обратите во ЕСМ.“, вели Бектеши.

Од Електрани на Северна Македонија велат дека сите активности во врска со изградбата на шестоседната жичарница биле и сè уште се од административна природа. Се очекува да се комплетира документацијата и да се добие лиценца од надлежното министерство.

„Доколку се завршат сите незавршени постапки ( Употребна дозвола од Министерство за транспорт и врски )  во втората половина на јануари 2020 година очекуваме да се започне со комерцијално користење на шестоседната жичарница на Ски Центарот Попова Шапка. Од  денеска, во Ски – центарот ќе работат жичниците „Св. Илија“ и „Церипашина“ исклучиво, само за панорамски прошетки. Жичниците ќе работат од 10 до 14 часот од понеделник до петок и од 9 до 15 часот сабота и недела.“, велат од ЕСМ.

Од Министерството за транспорт и врски, велат дека до среда имаат рок за да донесат одлука дали е комплетирана целата документација. За разгледувањето на  документацијата е ангажирана посебна комисија која треба да донесе одлука до задутре.

Сите љубители на скијањето ќе треба да чекаат уште за да уживаат во ретката убавина на Шар планина.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни