Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска денеска во изјава за медиумите посочи дека речиси 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно вакцинирани против пертусис.
Според неа, во внатрешноста над 95 отсто од дечињата се вакцинирани.
Таа вели дека ДСЗИ ги контролира и приватните градинки.
„Директорите ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат, а за тоа ќе провериме во текот на денов и во наредните денови“, порача Младеновска.