Балкан

Речиси 68 отсто од избирачите во Србија гласале до 19 часот

Речиси 68 отсто од избирачите во Србија гласале до 19 часот

Излезноста на предвремените парламентарни избори во Србија до 19 часот достигна 67,6 отсто, покажува проценката на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД).

Според податоците на ЦеСИД, проценката е направена врз примерок од 750 избирачки места во Србија.

Избирачките места се затвораат во 20 часот, а конечните податоци за излезноста ќе бидат познати по завршувањето на гласањето и обработката на резултатите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни