900 луѓе се приведени денеска во Русија за време на протестите против мобилизацијата, јави организацијата за човекови права, цитирана од БТА.
Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин нареди прва воена мобилизација во земјата по Втората светска војна.
Организацијата за следење на протестите ОВД-Инфо досега потврдила 876 приведени во 38 градови.
Според законодавството против протестите во Русија, демонстрациите кои не се овластени од властите се нелегални, забележува „Ројтерс“.
Најмногу луѓе се уапсени во главниот град Москва – 337. По него следува вториот по големина руски град – Санкт Петербург, со 301 апсење. 40 лица се приведени во Екатеринбург, 23 во Перм, 22 во Уфа и 19 во Краснојарск.